Повеќе возачи се против церемонијата пред стартот во Мајами

Повеќе возачи во Формула 1 го критикуваа церемонијално воведување на гридот пред трката што се случи за Големата Награда на Мајами и велат дека ниту еден од нив не го посакува тоа внимание.

Привремена бина беше поставена на главниот правец каде што американскиот рапер LL Cool J им го презентираше секој возач на фановите пред американската химна. Во меѓувреме, Will.i.am предводеше оркестар кој ја изведе неговата нова песна на Лил Вејн инспирирана од Ф1 „The Formula“, која беше објавена во саботата на викендот за ГП во Мајами.

Поради ревидираниот формат, возачите беа повикани 23 минути пред планираниот старт на трката во споредба со 16те минути од потрадиционалната церемонија на химна користена претходно во Баку. Но, промените наидоа на ладен прием кај возачите, кои изразија резерва на брифингот во петокот вечерта, бидејќи сметаат дека постапката е предолга и не сакаат да се повтори.

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го нарече одвлекување на вниманието, велејќи:

Претпоставувам дека тоа е американскиот начин на правење работи во спортот. Лично, веројатно не е за мене.

Тука сум да се тркам, Не сум тука за шоуто. Тука сум да возам и тука сум да победам. Тоа го одвлекува вниманието, бидејќи половина час сме на гридот во нашите комбилизони на сонце.

Мислам дека нема други спортови во светот кои 30 минути пред да излезете да ја работите својата работа, сте таму на сонце, сите камери се вперени на вас и правите малку шоу од тоа.

Можам да го ценам тоа во светот на забавата, Но, како што реков, ние го сакаме само најдоброто за спортот. Отворени сме за промени. претпоставувам дека не би сакале да го гледаме секој викенд.

Она што јас сакам секоја трка е националната химна, која ве возбудува и е со почит кон земјата во која се тркаме.

Формула 1 има намера повремено да го искористи церемонијалниот вовед, бидејќи шампионатот експериментираше со сличен спектакл за Гранд При на Соединетите Американски Држави на патеката во Остин во 2017 година, кога познатиот боксерски најавувач Мајкл Бафер ги пречека возачите.

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, смета дека целиот грид е против идејата, додавајќи дека треба да се постават ограничувања за тоа колку време возачите посветуваат на ТВ должностите и ангажирањето на публиката.

Никој од возачите не го сака тоа, но тоа не е за нас на крајот на денот. Правиме многу работи. Тоа е веројатно единствениот спорт каде што сме толку блиски со навивачите.

Ние правиме многу публицитет за навивачите. Како возачи, сите сакаме да седнеме и да се фокусираме на она на што треба да се фокусираме и да не правиме толку многу активности на ТВ и слично.

Но, на крајот на денот тоа е бизнис, па тоа е она што треба да го направиме. Но, додавајќи се повеќе и повеќе вакви работи, на ниту еден возач не му се допаѓа.

Не можете да продолжите да ставате работи и да не терате да правиме се повеќе и повеќе. Ние правиме толку многу. Има ограничување колку треба да правиме. Овде сме за да се фокусираме на тоа што го работиме, а не само да бидеме пред камера цел ден.

Во меѓувреме, критиките на социјалните мрежи ја наведоа снимката од трикратниот шампион во Ф1, Џеки Стјуарт, на која се чини дека обезбедувањето не му дозволува да пристапи до предниот дел на гридот.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше помалку критичен, но повика на прилагодување на тајмингот, додека Фернандо Алонсо смета дека на Ф1 му е потребна униформност, па не може да ги третира поинаку трките во САД.

Наведувајќи ги навивачите на другите нации како исто толку страсни, тој рече:

Ја разбирам гледната точка на сите, но не сум голем обожавател на такви работи непосредно пред трката.

Ако треба да го направиме тоа, мислам дека треба да отстраниме некои други работи што ги правиме како парадниот круг или нешто слично, затоа што навистина е на средина од подготовката со инженерите и состанокот за стратегија.

Ако го направиме тоа, мора да го правиме секаде бидејќи не сметам дека навивачите на Мајами се подобри од италијанските навивачи во Имола или во Шпанија или во Мексико или во Јапонија.

Треба да ги направиме сите со исти правила и исто шоу пред трката.

Победникот на ГП на Мајами, Макс Верстапен, изрази желба да остане надвор од центарот на вниманието.

Сепак, седумкратниот шампион во Ф1, Луис Хамилтон, ја понуди својата поддршка на шоуто бидејќи ја прифати идејата на сопственикот на Ф1, Либерти Медиа, во експериментирањето со форматот.

Мислам дека беше одлично. Го сакам сонцето!

Мислам дека е одлично што спортот постојано расте и се развива, а не само да ги прави истите работи што ги правеа во минатото.

Тие пробуваат нови работи; тие се обидуваат да го подобрат шоуто и јас сум во целосна поддршка за тоа.

Пораснав слушајќи го LL Cool J и тој беше таму. Тоа беше кул.

Потоа го имаш Will.i.am. кој е неверојатен уметник. Ги имате Серена и Венус Вилијамс, тениски шампиони кои стојат таму.

Мислам дека беше кул, јас немам проблем со тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ