Откриени повеќе детали за мистериозната повреда на Строл

Несреќата и повредата на Ленс Строл пред предезонските тестирања во Бахреин беа третирани со тајност од тимот на Астон Мартин.

Канаѓанецот беше исклучен од тестирање во целост, а резервниот возач Фелипе Другович се очекува да се трка на Големата Награда на Бахреин, доколку не се подобри состојбата на Строл на време.

На прашањето за природата на инцидентот или за здобиените повреди, тимскиот шеф Мајк Крак не сакаше да коментира, но деталите за инцидентот почнаа да се појавуваат.

Од Шпанија има извори кои живеат блиску до местото на наводната несреќа кои пријавија дека инцидентот се случил во Мијас, Малага.

Изворот наведува дека по кратката посета на болницата Ксанит во Беналмадена, тој отишол во Клиника Дексеус во Барселона, каде што го лекувал доктор Ксавиер Мир, кој е познат како омилен хирург на возачите од МотоГП.

Истиот извор откри дека била здобиена повреда на десната рака и зглобот на Строл и претпоставува дека малата операција може да го оддалечи Строл од првите две трки. Тимот потврди дека ќе објави ажурирање за напредокот на Строл во догледно време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ