Повторно се јави Маси: Се чувствував како најомразен човек во светот

Повторно се јави Мајкл Маси кој објасни како се чувствувал по последната трка лани во Абу Даби во која беше одлучена титулата, тој беше директор на трка, а потоа следуваше негово отстрнување од позицијата.

Маси беше отстранет од ФИА во Февруари по темелната внатрешна истрага за се што се случувало на Гранд При трката во Абу Даби. ОД Федерацијата тогаш дополнија дека сакаат да го задржат Маси на некој друга позиција, но минатиот месец тој потврди дека заминува од ФИА.

се чувствував како најомразениот човек на светот, добивав смртни закани, луѓето велеа дека ќе дојдат по мене и по моето семејство.

пораките преку социјалните медиуми кои ги добивав беа шокантни, расистички, дивјачки, ме нарекуваа со секое можно име. не престануваа, како на мојот фејсбук профил така и на мојот линкдин профил што треба да е професионалан и деловна платформа. закани и предупредувања имаше насекаде.

не сакав да разговарам со никого, дури ни со семејството и пријателите, само со најблиското семејство и тоа многу кусо.

сакав да останам во тој мал свет опкружен со неколку луѓе, немав желба да разговарам со никој, сакав да бидам сам.

но, по сето тоа сум далеку посилен човек – откри маси за австралиски Daily Telegraph.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ