Податоците велат дека Ред Бул ќе бидат најбрзи на квалификации

По двете одработени тренинг сесии во Петок, анализата на податоците покажа дека Ред Бул повторно има предност во текот на еден летечки круг.

Qualifying simulation pace Friday 2023 Australian Grand Prix graph

Анализата вели дека летечкиот круг на “биковите“ е 14 стотинки побрз од оној на Ферари, додека Астон Мартин заостанува двојно повеќе, а четврта екипа е Мерцедес со околу 4 десетинки заостаток. За 5то место би требало да се борат Алпин и Мекларен кои се само 3 стотинки еден од друг, а најнеконкурентен се чини Вилијамс.

Поради прекинеит на сесијата и дождот кој паѓаше во време кога се симулираат трки, податоците за долгите серии изостанаа, но перформансите на болидите кажуваат многу.

Car-Performance-FP1.jpg

Бавните кривини се најсилен сегмент на Мекларен, а побрзи од Ред Бул на спорите свиоци се и Мерцедес и Ферари. Летечките кривини се сегмент каде доминира Ред Бул, а Мекларен им се најблизок конкурент, додека на правците најблиску до “биковите“ се Алпин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ