Подиумот во Бразил е “најмлад“ во историјата … а кој е “најстар“?

Откако спласна возбудата по драматичното Бразилско Гранд При, стана јасно дека станува збор за нов рекорд во Формула 1, најмлад подиум во историјата на спортот, подобар од претходниот поставен пред 11 години во Италија.

Триото од Макс Верстапен, Пјер Гасли и Карлос Саинз, беше доволно за новиот рекорд, со просечна возраст од 23 години, 8 месеци и 23 дена.

Тоа е подобро од претходниот рекорд поставен од Себастијан Фетел во 2008 година, придружен од Хеики Ковалаинен и Роберт Кубица, со просечна возраст од 23 години, 11 месеци и 16 дена.

Рекордот од 2008 година ќе останеше дококу стјуардите не си ја завршија својата работа и не му доделија казна од 5 секунди на Луис Хамилтон за предизвикување на судар со Александер Албон во борбата за второ место.

Но што е со најстариот подиум во Формула 1? Истиот беше поставен на 4та трка во 1950 година во Швајцарија, кога просечната возраст на Нино Фарина, Луиџи Фагиоли и Луи Росие беше 46 години, 8 месеци и 20 дена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ