Подобрениот Занарди преместен во болница поблиску до дома

Болницата Сан Рафаеле од Милано посочи дека подобреното здравје на Алекс Занарди дозволува тркачот да биде преместен во медицинска установа во Падуа, поблиску до неговиот дом.

Се до денес, немаше многу вести околу состојбата на 54-годишниот Занарди кој имаше ужасна несреќа во Тоскана во Јуни. Занарди беше првично ставен во медицинска кома во болница во Сиена, а потоа помина низ неколку оперативни неуролошки и карнио-фацијални реконструктивни зафати.

Но, според изјавата од болницата Сан Рафаеле, Занарди е во состојба на генерална стабилност кој дозволува трансфер до друга болница со поблизок пристап до неговиот дом.

Во последните два месеца, тој започна процедура на физичка и когнитивна рехабилитација – велат од болницата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ