Покрај договорот со Алпин, Окон ја продолжува соработка со Мерцедес

Естебан Окон вели дека останува поврзан со Мерцедес, иако штотуку потпишал ново тригодишно продолжување на договорот со Алпин, Формула 1 екипа во сопственост на Рено.

Французинот е дел од Мерцедес неколку години, а Тото Волф сè уште е силно вклучен во управувањето со неговата кариера. Иако тој ќе биде возач на Алпин во следните три години, Окон потврди дека ќе ги задржи и врските со Мерцедес.

Да се има оваа стабилност во Алпин сега е нешто што секогаш го посакував.

Тоа е голем чекор во мојата кариера и голем товар од моите раменици. Повеќе не треба да се грижам дали можам да продолжам да бидам возач на Формула 1.

Значи, ситуацијата е дека во следните три години ќе бидам возач на Алпин. Целата моја работа е поврзана со Алпин и само со Алпин.

Нема да имам никаква интеракција со тимот на Мерцедес, но секако дека се уште има некои врски со нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ