Политиката во Ф1 го изненадила Крак

Новиот тимски шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, призна дека политиката која владее во Формула 1 го изненадила.

50-годишникот почнал да работи како инженер во спортот пред 20 години, но во пресрет на минатата сезона го замени Отмар Шафнауер на чело на тимот од Силверстон.

признавам дека бев многу изненаден од некои работи во формула 1, но најмногу од тоа што медиумите многу често водеа политика – посочи крак.

Пример кој Мајк го наведе било договарањето околу прилагодување на буџетот за минатата сезона поради зголеменат инфлација, нешто што било едногласно договорено на состанок.

иако се беше едногласно договорено, шефовите на екипите веднаш излегоа пред медиумите и се жалеа дека зголемувањето не било доволно големо.

политиката е голем дел од формула 1, но јас го сакам спортскиот сегмент. фановите ги интересираат времињаа по круг, не толку буџетот или флексибилните крила, но можеби не сум скроен за политика.

едно е сигурно, не треба се да се зема здраво за готово и мора да се остане претпазлив и смирен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ