Полјаците обвинуваат: Вилијамс го прекрши договорот

ПКН Орлен, полската нафтена компанија и личен спонзор на Роберт Кубица и овогодишен на Вилијамс, обвини дека Формула 1 екипата прекршила одредени одредби од потпишаниот договор за оваа тркачка сезона. Сепак, од компанијата најавија дека остануваат со тимот од Гроув до последната трка годинава.

роберт ја критикуваше организацијата и подготовката на тимот пред секоја градн при трка и тешко е да не се согласиме со него. сметаме дека одредени членови од договорот се прекршени од нивна страна како на пример повлекувањето на кубица од трката во русија за да се заштеди на делови. разговараме со нив, но убедени сме дека сме во право – изјави адам бурак, одговорниот за комнуникации во пкн орлен.

Во врска со следните потези на возачот и компанијата, Бурак најави дека се решени да останат во спортот.

како бренд ние сме попрепознатливи поради што реивме да останеме во формула 1 и откако ќе си заминеме од вилијамс. набрзо по трката во абу даби ќе можеме да ги откриеме деталите – најави бурак.

Парите од компанијата се поврзуваат со Хаас, Рејсинг Поинт и Мекларен, а Кубица би бил тест возач и резервист во некоја од трите екипи, паралелно со неговото тркање во некоја друга тркачка серија.

размислуваме за неколку сценарија, може да останеме поврзани со некоја формула 1 екипа, но и да бидеме поврзани со тркачката серија во целина. за нас оваа година како бизнис е многу успешна, не само од спортска гледна точка, туку во однос на комерцијалниот дел.

роберт е слободен, знаеме дека тој има свои очекувања и дека сака да се трка. сакаме да останеме поврзани со него затоа што еден од најдобрите спортисти во полска и мораме да бидеме флексибилни во тој аспект.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ