Пол Рикар сака зимски тестови догодина

Домаќинот на Големата награда на Франција, автодромот Пол Рикар, сака да ги организира зимските тестови на почетокот на следната тркачка сезона.

Шесте денови предсезонски тест почнуваат на крајот од овој месец во Барселона, последен настан пред почетокот на трката во Австралија.

Директорот на Пол Рикар, Стефани Клер, за f1only.fr откри:

кандидати сме за организација ан зимските тестови, сонуваме за тоа и преговараме. веќе имавме добра шанса да се случи и оваа година.

Барселона годинава ја имала честа прв пат болидите повторно да се појават на Барслона Каталуња како дел од пакетот за останување на Шпанското Гранд При на календарот и сезонава.

формула 1 сметаше дека барселона им дала многу и дека беше природно да им помогнат со тоа што ќе им го продолжат договорот за уште една година и ќе им ги доверат зимските тестови – откри клер.

Таа смета дека екипите би биле навистина задоволни да тестираат на Пол Рикар наместо во Барселона.

во однос на климата и растојанието и податоците, на нив не им прави разлика. единствено што тимовите не сакаат е да патуваат на друга страна на светот за тестови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ