Помалите екипи сакаат поголемо ограничување на буџетот

Помалите екипи во Формула 1 притискаат ограничувањето на буџетот од наредната година да се намали на 100 милиони долари, а предлогот ќе биде дискутиран во Понеделник.

Формула 1 се соочува со најголемата финансиска криза во повеќе од една декада, а повеќе од екипите веќе го чувствуваат притисокот. Оваа ситуација доведе во Мекларен платата на возачите на биде намалена додека Луис Хамилтон и тимските колеги во Ферари се наведува дека понудиле да им се намалат платите.

Сепак, не сите екипи имаат возачи чии плати се толку високи за да се почувствува промена. Поради тоа, според Auto Motor und Sport, помалите екипи бараат ограничувањето на буџетот да биде намалено од 170 милиони на 100 милиони долари. Мерцедес и Рено, наводно немаат ништо против, но Ферари и Ред Бул сметаат дека барањето е емотивно прерана одлука.

Ред Бул изјавиле дека ќе го земат предлогот предвид, но само доколку правилата за 2022 година се одложат до 2023, додека Ферари не планираат да превземат ништо со цел да им помогнат на помалите тимови.

Но од друга страна, Скудерија, поддржува да се отстрани платата на возачите од ограничувањето на буџетот, како и платите на тројцата највисоки функционери. Помалите тимови не се задоволни со ставот на Ферари и Ред Бул, а двете големи екипи стравуваат дека ако ограничувањето се намали тоа ќе доведе до поголема загуба во работни места.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ