Попов: Русија никогаш нема да се врати во Ф1

Рускиот Формула 1 коментатор, Алексеј Попов, смета дека организацијата на трка од страна на неговата татковина дефинитивно нема повеќе да се случува.

По инвазијата над Украина, Русија и руските спортисти го загубија своето место во Формула 1 откако беа наметнати санции на се што е поврзано со државата. Не само што Сочи беше отстранет од календарот, туку и Никита Мазепин беше отпуштен од Хаас, а Уралкали избркани од истата екипа.

Исто така, спортот повеќе не се пренесува на руската МачТВ, така што фановит ена тркачката серија во земјата мора да наоѓаат нелегални стримови на Интернет.

Попов, кој е коментатор за руски МачТВ, беше запрашан за свое мислење околу скорешно променување на ситуацијата.

мислам дека наскоро нема ништо да се промени. не дека имам некакви инсајдерски иформации туку не гледам дека нешто ќе се промени со оглед на реакцијата на формула 1 кон русија.

една работа е да се прекрши договор, но сосема друго е тоа што русите иаат забранет пристап на формула 1 официјалната страница, не може да го посетат нивниот канал или социјални мрежи.

зошто воопшто разговараме за формула 1 и русија затоа што нем за што да се зборува – изјави попов преку руската најпопуларна социјална мрежа VKontakte.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ