Поради годинешните проблеми, Мекларен инвестира во боксот

Поради доста загубени поени оваа тркачка сезона, Мекларен се решија д инвестираат во нова опрема во својот бокс и покрај тоа се очекува стандардизација на тие делови поради намалување на трошоци од 2021 година.

Во однос на времињата потребни за промена на гуми Мекларен беа 5ти најбрз тим сезонава, но Андреас Сеидл потенцираше дека тоа е една од најслабите области во тимот поради големите грешки кои ги чинеа поени сезонава. На Италијанското Гранд При во Монца Карлос Саинз имаше проблем и не заврши трка, а во Мексико таква судбина имаше Лндо Норис.

по оваа сезона свесни сме во кои области треба да работиме и да се подобриме како екипа, а врвен приоритет ни е боксот, менувањето гуми и опремата која таму се користи. тоа е наша слабост особено со опремата која се користи, но имаме план како да ја подобриме ситуацијата и да дојдеме на ниво на врвните екипи. знаеме што точно треба да имплементираме.

инвестицијата која треба да ја спроведеме за следната година е разумна, но со оглед на бројот на поени кои ги загубивме поради промената на гуми, тоа е добра и разумна инвестиција – смета андреас сеидл.

И покрај инвестициите кои има намера да ги направат за следната година, Сеидл ја поддржа одлуката на Формула 1 да се стандардизира голем дел од опремата.

на крајот, со стандардизирана опрема се ќе се сведе на човечките перформанси од тимот што е добро затоа што сакаме промената на гуми да биде дел од тркањето. во исто време, од наша гледна точка има смисла да се стандардизира опремата затоа што на среден и долг рок дефинитивно ќе заштедиме пари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ