Поради нов менувач, Џовинаци пет позиции назад

Возачот на Алфа Ромео, Антонио Џовинаци, ќе стартув пет позиции во однос на својот квалификациски пласман поради тоа што тимот вградил нов менувач по вчерашното извртување кое го имаше италијанецот во текот на квалификациската сесија.

Антониот излета на последниот свиок од патеката уште за време на првиот квалификациски сегмент, но само ја допре бариерата, а потоа се врати на патеката, но се паркираше крај асфалтот. Неговото квалификациско место беше 19ти без да постави време, пред Роман Гросжан кој имаше слична судбина.

Поради контактот со бариерата и фактот што немало што да загуби затоа што се квалификуваше како 19ти, екипата од Хинвил реши да промени менувачот како мерка на претпазливост.

По квалификациите во Сабота казна од три позиции на стартот заработи и Шарл Леклер поради забавување на Даниил Квјат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ