Поради опасностите на Џеда, Саинз бара од маршалите да внимаваат

Карлос Саинз ги предупреди маршалите покрај патеката многу да внимаваат бидејќи има голема можност да се случат излетувања со голема брзина на новата патека Џеда Корниш на брегот на Црвеното Море во Саудиска Арабија.

Поради карактеристиките на патеката, Саинз изјави дека возачите ќе им веруваат на маршалите и на контролата на трката дека брзо ќе се реагира доколку има инциденти. 

Очигледно како возач не треба да мислам на овие работи. Сигурно фокусот треба да е на друго место бидејќи целосно веруваме на стандардите на ФИА кои се многу прецизни.

Ние разговаравме дека може да се случи несреќа на три секунди пред тебе, а ти возиш со 250 кмч и немаш време за реакција бидејќи имаш ѕид до тебе. мора да побараме од ФИА повеќе да се внимава на жолти знамиња и слично – посака шпанскиот возач на ферари.

Пјер Гасли се согласи дека маршалите мора многу да внимаваат и да си ја работат работата. 

Мислам дека сите знаеме и сме размислувале за тоа. Мислам дека е многу важно да има брза реакција бидејќи се може да се случи многу брзо поради тоа што просечната брзина е 250 кмч. Ќе биде тежок викенд за сите, но мислам дека се ќе биде во ред. 

Саинз бара од возачите да возат со соодветна брзина доколку не се на брз круг. 

Се надевам дека нема да има проблеми во брзите свиоци и возачите да не возат бавно и да не биде голема разлика. Но, мора да и веруваме на ФИА и мора да си ја завршат домашната. Ова е целосно различна патека од сите до сега. 

Сепак, Карлос смета дека Џеда е позитивен чекор за Формула 1. 

Мислам дека Формула 1 до сега имаше нормални патеки со брзи свиоци каде може се да се извлече се од болидот, но и безбедноста да биде загарантирана. Тоа е тоа што ме радува на новите патеки. Мислам дека ние како возачи сме јасни за тоа што сакаме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ