Поранешен технички шеф на Мекларен ќе работи на новите правила за ФИА

ФИА го засили сојот технички персонал со доведување на поранешниот технички шеф на Мекларен, Тим Гос кој ќе помогне при работата на новите правила од 2022 година.

Новите спортски, финансиски и технички правила требаше да бидат воведени од оваа сезона, но кризата која ја предизвика пандемиајта ги одложи за следната сзона, така што само ограничувањето на трошењето стапува на сила годинава. Редизајнираните болиди треба да донесат повеќе претекнување и намалување на разликите помешу екипите од гридот.

Гос има минато 28 години работејќи за Мекларен чиј член е од почетокот на 1990-тите години за да на крајот стане главен инженер одговорен за моторот, а потоа и технички директор на екпата која ја напушти во 2018 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ