Португалија: Хамилтон го сруши Шумахер, 92ра победа за шампионот

Луис Хамилтон го сруши Михаел Шумахер од првото место на вечната листа на победници со својот триумф на Португалското Гранд При што беше победа број 92 во неговата Формула 1 тркачка кариера.

Зад актуелниот шампион заврши неговиот колега Валтери Ботас, како и секогаш со меко ни неубедливо возење, а подиум доби благодарение само на болидот, додека Макс Верстапен беше трети. Ферари беа 4ти, а АлфаТаури 5ти.

Стартот беше многу интересен затоа што по гасењето на светлата на семафорот почна ситно да врне, Хамилтон го загуби водството од Ботас, Леклер падна во поредокот, Верстапен дојде на 4то место, Мекларен стартуваа на софт и беа маестрални.

Карлос Саинз во првиот круг го мина Хамилтон, а следниот и Ботас и водеше на трката дури 6 кругови.

Верстапен имаше инцидент со Чеко Перез во првиот круг откако беше истуркан од патеката, сакаше да се врати, мексиканецот го нападна за позиција, имаа контакт по кој Рејсинг Поинт се изврте и мораше во бокс. Сударот беше окарактеризиран како обичен тркачки инцидент и мина без казни.

По крајот на првиот круг Валтери водеше пред Саинз и Хамилтон, 4ти беше Норис пред Верстапен, изненадувачки Кими Раиконен на 6то место со 10 позиции напредок од стартниот поредок, благодарение на софт гумите.

Петтиот круг беше моментот кога Макс почна да враќа позиции, а софт гумите на Мекларен губеа сила. Холанѓанецот го мина Ландо Норис за 4то место, следниот круг Ботас го мина Саинз за водството, а круг потоа и Хамилтон го мина шпанецот за 2ро место. Кругот број 8 беше моментот кога Макс го мина Карлос за 3то место.

Шарл Леклер исто така почна да напредува претекнувајќи ги побавните болиди, најпрво минувајќи го Кими Раиконен во 8от круг, а следниот веќе го “исчисти“ и Ландо Норис, за да во 13от дојде до 4то место претекнувајќи го Карлос Саинз.

Кругот број 15 беше моментот на првото влегување во бокс, секако редовно, откако Даниел Рикардо промени од софт на медиум, целосно спротивно од стратегијата на другото Рено на Естебан Окон.

Во 18от круг Ландо Норис и Ленс Строл имаа дуел од неколку кругови за 5то место, а Ленс не успеваше ниакако да мине. Следуваше негова препознатлива глупост, сакаше да претекне надвор од патеката, дојде до контакт, тој се изврте и имаше штета, а ја “зезна“ трката и на Норис. Стјуардите решија дека Строл е виновникот и му дадоа казна од 5 секунди.

Кругот број 20 беше моментот кога Луис Хамилтон си го врати водството претекнувајќи го Валтери Ботас откако неколку кругови претходно го засили темпото.

Следниот круг Пјер Гасли го претекна Карлос Саинз за 5то место.

Кругот број 24 беше моментот кога Макс Верстапен промени од софт на медиум, а три кругови подоцна истото го направи и Карлос Саинз. Во 28от круг на хард промени и Себастијан Фетел.

Во 31от круг уште една казна од 5 секунди на Ленс Строл, овој пат поради непочитување на лимитите на патеката откако три пати мина од надворешната страна и му беше покажано црно бело знаме.

Шарл Леклер влезе во бокс по нови гуми во 35от круг и промени на хард, назадувајќи една позиција, 4то наместо 3то место кое му го препушти на Макс Верстапен.

Луис Хамилтон и Валтери Ботас променија на хард во 40от и 41от круг. Актуелниот првак промени прв, а Валтери бараше спротивни гуми од неговите, софт наместо хард, но Мерцедес не му го дозволија тоа.

Истиот круг казна од 5 секунди поради непочитување на лимитите на патеката доби и Роман Гросжан.

Пјер Гасли го мина Даниел Рикардо за 7мо место во 45от круг, а круг подоцна австралијанецот загуби уште една позиција, овој пат од Карлос Саинз.

Во 54от круг директно во гаражата се паркираше Ленс Строл, не завршувајќи 3та трка по ред.

Истиот тој 54ти круг Естебан Окон за прв пат влезе во бокс и ги промени своите медиум на софт, враќајки се на патеката пред совјот колега Даниел Рикардо кој стартуваше неколку позиции пред него.

По неколку кругови следење во 55от круг, Себастијан Фетел го мина Кими Раиконен за 10то место.

Претпоследниот круг беше моментот кога Серхио Перез го загуби 5то место од Пјер Гасли, а следниот круг и 6то од Карлос Саинз.

Луис Хамилтон стигна до рекордната 92ра победа во Формула 1 кариерата што е рекорд во историјата на спортот, а колеата Ботас бездушно беше зад него. Трето место за Верстапен, а Ферари со Леклер финишираа на 4та позиција. Пјер Гасли беше одличен и заврши на 5то место, а Карлос Саинз беше ри. Чеко Перез одлично се спаси откако се изврте во првиот круг успеа да дојде до 7мо место, а Рено со Окон и Рикардо беа 8ми и 9ти. Себастијан Фетел 4ти пат годинава заврши на 10то место и дојде до поен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ