Порше открија колку блиску биле до Ф1

Шефот на Порше моторспорт, Фритз Ензингер, откри колку германскиот производител бил блиску до влез во Формула 1 како снабдувач со мотори и дека веќе и развиле свој 1,6-литарскихибриден мотор кој може да се користи на Гранд При трките.

За време на преговорите околу новите правила Порше доби право да присуствува на состаноците помеѓу челниците на спортот, ФИА и екипите. Првичните преговори доведоа до надеж за отстранување на хибридниот дел од Системот за повраток на енергијата, нешто што беше “по кејф“ на Порше, но потоа тие планови се изјаловија, и Формула 1 моторите останаа сложени.

Во 2017 година Порше развиле свој високо-ефикасен 6-цилиндарски мотор иако сеуште немаат одлучено каде ќе го користат. На крајот, откако новата регуатива била потврдена, германците одлучиле да ане влегуваат во спортот.

бевме навистина блиску до влез во формула 1 затоа што извршниот одбор на групацијата донесе одлука да се развие високо-ефикасен тркачки мотор во 2017 година, а порше не само што го дизајнираше туку и го произведе. редовно бевме вклучени на состаноците помеѓу фиа, промотерите и либерти медиа.

за време на процесот на производство групацијата фаворизираше политика на вклучување во електичниот моторспорт, но сепак 1,6-литарскиот в6 мотор беќе беше во тест фазата.

очекувањата во електричната серија беа подиуми сезонава и бевме изненадени што уште на првата трка завршивме на второ место. тоа беше важно за да се охрабриме затоа што немавме можност да се надоградиме на постоечки тим како што бмв направи со андреди и мерцедес со хва.

одлучиме да експериментираме во формула е поради што лотерер кој возеше во најдобрата екипа две години (дс тичита) дојде кај нас и беше одличен репер во развојот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ