Потценетиот Перез е еден од најдобрите, смета Грин

Техничкиот шеф на Рејсинг Поинт, Ендру Грин, смета дека неговиот мексикански возач, Серхио Перез е многу потценет и дека е еден од најдобрите возачи на гридот.

Тој е еден од најконстантните возачи на гридот последните години, а минатата сезона ја заврши на 7мо место во возачкиот поредок само зад Карлос Саинз од средината на поредокот. Откко стана дел од Формула 1 преку Заубер во 2011 година, мексиканецот стана познат по неверојатната способност да ги менаџира гумите, а Грин појаснува дека кога Чеко вози како да вградува контрола на тракцијата во болидот.

тој е многу потценет, а мислам дека во моментов е на врвот од својата кариера, без сомнение. неговиоте пворатни информации се неверојатни, менталниот склоп да го вози болдот и да ни каже што се случува е фантастичен, а на трка во недела дефинитивно е еден од најдобрите.

со менаџирањето на гумите е помеѓу двајцата или тројца најдобри возачи на гридот, има малку кои може да се носат со него. има неверојатно чувство да процени што се случува со гумите во кривина и вади максимум од истите. контролата на пролизгување преку педалот за гас ја има совладано неверојатно, како да има контрола на тракција болидот штом тој го вози – појаснува грин.

Мексиканецот е одличен на трка во Недела, кога се делат поените, но квалификациите и летечките кругови се нешто што не му е силна страна, а Грин појаснува дека сетирањето кое ја приотизира трката е виновно за неубедливиот ритам во текот на еден летечки круг.

разбира дека слабостам у е во сабота попладне на квалификациите, но мислам дека е поради фактот што го сетира болидот за да одговара за трката во недела, а често тоа не е најбрзо за еден летечки круг на квалификации.

но, тој инсистира дека така е најдобро и тоа сака да го прави, а се покажа и докажа дека е исправна стратегија. и тој знае да претера и да заврши без поени во недела, но тоа е многу ретко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ