Почина легендарниот Сер Френк Вилијамс

Сер Френк Вилијамс, човекот кој најдолго беше тимски шеф во историјата на спортот, почина денеска на возраст од 79 години.

Сер Френкк беше цели 50 години тимски шеф на екипата која ја основаше, а се повлече од таа улога во 2019 година. Во тој период, освои седум возачки и девет конструкторски титули.

Од 2013 година, иако тој беше шеф на тимот, со екипата секојдневно раководеше неговата ќерка, Клер, но семејството лани ја продаде екипата на американскиот инвестициски фонд, Дорилтон Капитал.

Сер Френк имаше повреда на рбетниот мозок по сообраќајна несреќа во 1986 година, беше неподвижен и во количка, но дури од 2012 година почна да ги намалува работните обврски. Клер стана заменик шеф на тимот и се грижеше за секојдневната Формула 1 работа, но Сер Френк остана шеф.

Во 2016 година одреден период мина во болница закрепнувајќи од пневмонија, а потоа престана да оди редовно на трките, а во болница беше примен и лани во Декември.

го огромна тага во името на семејството вилијамс, ја потврдуваме смртта на сер френк вилијамс, основач и шеф на вилијамс рејсинг, на возраст од 79 години. откако беше примен во болница во петок, почина мирно опкружен од семејството кое остана во тага.

денеска му оддаваме почит на обожаваниот и инспиративниот френк кој секако дека многу ќе ни недостасува. бараме од сите да ја почитуваат желбата на семејството вилијамс кое бара приватност во овие моменти – гласи соопштението од екипата

Со изјава се јави и Главниот извршен директор на Формула 1, Стфано Доменикали:

утрово клер вилијамс ми се јави да ме информира за тажната вест дека нејзиниот сакан татко, сер френк вилијамс, починал. тој беше џин во овој спорт и ги преброди најтешките предизвици во животот, а патем секој ден се бореше за победи на патеката. загубивме сакан и попчитуван член на формула 1 семејството кој ќе ни недосасува.

неговите неверојатни постигнувања и личност ќе останат во спортот засекога. моите мисли се со семејството вилијамс и пријателите во ова тажн време.

Почит на Сер Френк му оддаде и моменталниот Главен извршен директор и шеф на Вилијамс, Јост капито:

вилијамс рејсинг се во огромна тага од поитнувањето на нашиот основач сер френк вилијамс.

тој беше легенда и икона во нашиот спорт, а со почитувањето означи една ера од нашиот тим и од формула 1. беше еден и единствен, вистинскио пионер. и покрај ограниченоста во својот живот, го повее тимот до вкупно 16 титули и не направи еден од најуспешните екипи во историјата.

неговите вредности значат интегритет, тимска работа и независност надополнета со решителност кои сеуште се сржта на овој тим и оставштината во вилијамс на која сме горди. нашите мисли се со семејството вилијамс во ова тешко време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ