Почина таткото на Сена на 94 години

Милтон да Силва, таткото на пррано починатата Формула 1 легенда, Аиртон Сена, и дедо на Бруно Сена, почина во Сао Паоло на 94-годишна возраст. 

Трикратниот шампион се тркаше под презимето на мајка му, но неговиот татко беше силата во животото на Аиртон. 

Милтон се надеваше дека Аиртон ќе го продолжи семејниот бизнис во градежништвото и фармите во Бразил, но сепак младиот Аиртон се одлучи да тргне по друг пат. Бразилецот имаше огромен успех во моторспортот, а неговиот татко остана во сенка. 

Милтон да Силва ретко се појавуваше во Формула 1 падокот освен на трките во Бразил, но сепак Аиртон се водеше од советите на неговиот татко. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ