По долги години како резерва, де Врис се откажал од тркање во Ф1

Ник де Врис признава дека речиси се откажал од остварување на својот сон дека еден ден ќе се трка во Формула 1 по долги години поминати како резерва во најпрестижната тркачка серија.

Откако Александер Албон доби напад на слепи црево во Италија, де Врис беше одбран да го замени на трката, а ќе тргне од 8мо место по одличните квалификации и секако казните пред него. Својата прва квалификациска сесија ја заврши со 13то време во ситуација во која редовниот возач на тимот, Николас Латифи, отпадна уште во првиот сегмент.

Ник во исто време е резерва и во Мерцедес и Астона Мартин и призна дека не очекувал дека како резервист еден ден ќе добие можност да се трка.

толку време поминување во патување, а никогаш не добивате шанса да се тркате, така што веќе и губите надеж дека тоа може да се случи, а така беше и овој викенд. ме викнаа во сабота во последен момент да возам, но веројатно тоа беше и добро затоа што немав шанса да мислам што ќе биде, само седнав и возев – откри холанѓанецот.

Минатогодишниот Формула Е првак одработе петочен тренинг за Астон Мартин и беше во падок клубот на Мерцедес кога главниот стратег на “сребрените“, Џејмс Вауелс, му се јавил и му кажал дека неизвесно е дали Албон ќе може да вози. Веднаш отишол во Вилијамс и го слушал брифингот пред саботниот тренинг, по што и официјално било потврдено дека редовниот возач нема да може да се трка.

пиев кафе во падок клубот, беше рано наутро, го глдав формула 3 подиумот со капучино и тогаш ми се јави џејмс вауелс и ми кажа брзо да дојдам до тимот, а таму сите веќе беа многу среќни. се обидов да ги менаџирам очекувањата и реков да почекаме.

кога отидов во вилијамс, алекс не беше добро, но се јадевам дека многу скоро се ќе биде во ред со него. за време на брифингот за третиот тренинг ми стана јасно што се бара од мене за остатокот од викендот.

сето ова се случи 90 минути пред утринскиот тренинг во сабота, така што немаше многу време за размислување.

Тој како 15ти мина во средниот квалификациски сегмент и покрај тоа што најбрзото време му беше поништено поради надминување на границите на патеката, а во средните 15 минути беше 13ти. Вториот круг во К2 направи грешка откако ненамерно допрел прекинувач што го регулира системот за кочење.

имате само две серии на т3 затоа што имате само два сета гуми и не работите долги серии. немаше време полека д асе прилагодувам, требаше да притискам, брзо да учам како подготовка за квалификациите и мислам дека одлично го направив тоа.

мислам дека можев и повеќе на квалификациите особено во последниот круг во к2 кога го поместив ненамерно балансот на кочење два проценти кон наза и поради тоа ми се закочија тркалата на 4та кривина и го уништив кругот. на крајот минав во к2 и мислам дека со оглед на тоа колку малку време имав, одлично се покажав.

Холанѓанецот призна и дека уживал во фактот што имало казнети возачи пред него и тоа му дозволило да напредне и да стартува од топ 8.

казните на оние пред мене ме тераат да сум среќен иако сум строг кон себе и мислам дека можев повеќе, сепак одлично е. сакам да се осигурам дека добро сум сработел се што ми беше дадено и да завршам добра трка. целам на силни први неколку кругови, фаќање на добар ритам. очигледно немам претстава какви ќе бидат долгите серии.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ