По Доменикали и Жан Тод загрижен за иднината на Монца

Претседателот на ФИА, Жан Тод, призна дека е загрижен дека Италија може да отпадне од календарот на Формула 1.

Единствениот италијански возач во спортот, Антонио Џовинаци, е во опасност да го загуби своето место во Алфа Ромео, додека Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, ги наведе проблемите за иднината на Италијанското Гранд При во Монца.

Се надевам дека Монца ќе остане на календарот, но треба да размислиме за бизнис модел каде што има враќање на инвестиција – смета доменикали, кој патем е италијанец.

Тод пак зборуваше откако беа продадени мизерни 16.000 билети за главната трка во Недела, во услови на строги ограничувања поврзани со корона вирус пандемијата.

Зошто има толку малку интерес во Монца? – се запраша Тод во својата изјава за Ла Газета дело Спорт.

Ќе бидам многу разочаран ако во Италија нема да има барем една трка во календарот на Формула 1 во следните неколку години. 

Но, прашање треба да се постави на Стефано Доменикали.

Навистина, по Декември, 75-годишниот Тод целосно ја напушта Формула 1 по завршувањето на неговиот трет и последен мандат како Претседател на ФИА.

После тоа ќе исчезнам, бидејќи не сакам да бидам таков поранешен претседател.

Ќе се вклучам во активности како специјален пратеник на Обединетите Нации за глобална безбедност на патиштата, но потоа би сакал конечно да посветам повеќе време на моето семејство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ