По досадна трка во Франција, се очекуваат промени на Пол Рикар

Патеката Пол Рикар може да се соочи со драстични промени по критиките на овогодинешното Француско Гранд При, кое беше најздодевната трка во 2019 година.

Според извори на француски L’Equipe викендов, Формула 1 менаџментот е во разговори уште од Август со менаџментот на патеката околу промени.

Првото барање ја модифицираше целата патека, што би чинело многу, Но отстранување на шиканата за да се продолжи правецот Мистрал се разгледува – се вели во извештајот.

Поранешниот шеф на Мекларен, Ерик Булие, сега е стратешки советник на сопствениците на патеката. Тој беше присутен во Абу Даби викендов, каде имаше дополнителни разговори околу подобрувањето на Пол Рикар.

Прашав што треба да направиме. Тие одговорија со целосно нова патека, кој воопшто не личеше на Пол Рикар. Но тоа беше причината за моето барање, да дознаеме што треба да се превземе.

Сега сме во процес на дискусии и треба да одговориме кои идеи се добри и со кои се согласуваме. Работиме на тоа и ќе видиме што може да се превземе.

Ќе ја задржиме шиканата и ќе ги задржиме Сиње и Босе, бидејќи тоа се клучни свиоци. Нема да промениме се. Можеби ќе направиме промени помеѓу свиокот 1 и 4 за да биде побрзо, со повеќе сопирање, на пример. А потоа би имале два долги правци што ќе придонесе кон помала потисна сила.

Булие не е толку желен за отстранување на шиканата на задниот правец, бидејќи би влијаело на трибините на кои седат 10,000 фанови.

Очигледно главен извор на приход за промотерот се картите. Каде треба да ги сместиме тие 10,000 луѓе? Дополнително, сите претекнувања се случуваат во тој дел. Треба да донесеме одлука и да видиме кој ќе плати за сето ова. Сеуште не знам.

Според извештајот, менаџментот на патеката размислува да направи анкета преку социјалните мрежи за да добие идеи од фановите. Во меѓувреме, Пол Рикар има исполнет календар за 2020 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ