По инцидентот во Америка, Хамилтон ги критикува своите колеги

Актуелниот шампион, Луис Хамилтон, верува дека тој е сам во спортот во кој доминираат белци и ги критикуваше своите колеги поради тоа што не ги критикуваат протестите по убивањето на афро-американец во Американски Минеаполис.

Смртта на Џорџ Флојд предизвика многу мирни и насилни протести, а дури во некои градови веќе има и полициски час. Хамилтон често на социјалните медиуми го крева гласот за вакви настани за разлика од останатите возачи на гридот.

Британецот поминува доста време во Америка и има имот во Колорадо.

Ве гледам вас кои не коментирате ништо, а некои од вас се големи ѕвезди кои се тивки во време на неправда. Нема ниту глас од никој во Формула 1 кој секако е спорт во кој доминираат белците. Јас сум единствен обоен во спортот.

Мислев дека до сега ќе воочите дека нешто се случува и ќе искоментиравте, но вие не стоите со нас. Сега гледам кои сте и што сте.

Не ги подржувам грабежите и пожарите, Треба мирно да се протестира. Но не може да има мир се додека самонаречените лидери не сакаат промена. Ова не е само Америка туку и Британија, Шпанија, Италија и сите останати.

Малцинствата не се третираат како промена, но мора да се едуцираат сите дека сите се исти. Не сме родени со расизам и омраза во нашите срца – напиша хамилтон.

Единствено неговиот сонародник Ландо Норис има ставено хаштаг на Твич #BLACKLIVESMATTER.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ