По инцидентот со Перез, ФИА ќе ги зајакне правилата за редарите

ФИА ќе воведе строги насоки за редарите крај патеката дека тие не смеат да излезат без дозвола од Контролата за Трка, по скорешниот инцидент со Серхио Перез во Монако.

Перез за среќа избегна двајца редари кои претрчаа преку патеката веднаш пред неговиот болид кога тој излегуваше од боксовите за време на безбедносното возило.

Се појавија информации дека редарите кои беа инволвирани немале дозвола од Контролата за Трка да излезат на патеката, а инцидентот беше пренесен до ФИА откако Перез го спомнал на стјуардите 90 минути по крајот на трката.

Ова довело до целосна истрага од ФИА во обид да се воведат строги правила и силна порака до редарите околу тоа кога им е дозволено да излезат на патеката. Покрај тоа што не смеат без дозвола да излегуваат на патеката, ФИА ќе ги користи видео снимките од инцидентот со Перез за да ги прикаже опасностите доколку не се следат правилата. Енди Стивенсон од Рејсинг Поинт го истакна следното:

Можам да кажам дека откако разговаравме со ФИА дознавме дека редарите немале дозвола да излезат на патеката и во иднина ФИА ќе го истакне правилото. Редарите не знаеја дека има болид кои излегува од боксовите.

Самиот Перез истакна колку било среќно што не удрил во ниту еден од нив и вели дека доколку едниот не застанал во место, исходот ќе бил многу полош.

Јас сопрев, но во исто време не сакав да ги блокирам тркалата. Се се случи многу брзо и видов еден од нив како истрча, додека другиот застана. Доколку продолжеше, јас немаше да имам каде да одам.

Мислам дека е многу сериозна работа. Мора да го анализираме ова за нивна безбедност и за возачите.

Монако е уникатно место и постојат моменти кога се случуваат несакани работи ако не се следат правилата. Можеше да биде некој друг, сите сме на исто. Не треба да се обвинува никој. Само треба да ја анализираме ситуацијата и да се осигураме дека нема да се повтори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ