По Макс, цел Ред Бул го бојкотира Sky Sports

Целиот персонал на Ред Бул ќе го бојкториа Sky Sports викендов откако тоа прво го направи Макс Верстапен, а во врска со изјавите на нивен новинар за титулата на Макс Верстапне лани.

Според Press Association, тимот протестира против коментарот на Тед Кравиц кој изјави дека Луис Хамилтон бил ограбен за ланската титула.

хамилтон не победува на трка цела година и потоа доаѓа на патека каде може да дојде до прва победа годинава против истиот возач против кого се бореше и кој го ограби за титулата лани и тој успева повторно да заврши пред него – изјави кравиц за време на тркачкиот викенд во америка.

Верстапен не даваше никакви интервјуа за британскиот медиум во Сабота по квалификациите каде 6ти пат победи сезонава, а бојкотот сега е префрлен и врз сите од Ред бул.

Кристијан Хорнер многу често дава изјави за Sky Sports во падокот во текот на викендов, учествува на итнервјуата, активен е за време на преносите, но овој пат не се појави.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ