По намалување на трошењето, Зек Браун се смета за победник

Откако ФИА ја потврди промената на правилата за Формула 1, вклучително и намаленото ограничување на трошењето, Зек Браун се чувствува како да победил тој, но и спортот.

Буџетите не смее да надминат 145 милиони долари следната година, а тој лимит прогресивно ќе се намалува до 130 милиони долари во 2023 година. Дополнително се воведува и лизгачка скала на аеродинамички развој согласно која најслабите во сезоната ќе имаат право најмногу да работат над своит еболиди следната година, се со цел да се изедначи гридот.

формула 1 победи денеска и ова е клучен и многу важен момент за нашиот спорт.

формула 1 е финансиски неиздржлива веќе некое време и со тоа се ризикуваше нејзината иднина, иднината на екипите кои се посветени на тркањето и затоа колективно требаше да го решиме тој проблем и мораа да се превземат мерки.

унифицирано буџетско ограничување заедно со еднаква дистрибуција на приходите помеѓу екипите ќе обедбеди конкурентност и се повеќе луѓе ќе сакаат да гледаат формула 1 на патеките и пред телевизиските екрани. тоа ќе донесе долгорочно финансиско здравје за сите страни. на крајот на денот најголеми добитници се фановите и спортот – смета зек браун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ