По низата пол позиции, Алисон смета дека формата на Ферари е “интересна“

Откако Скудерија Ферари имаа низа од 6 пол позиции по ред по крајот на летната пауза, италијанците не може да победат во Сабота на последните две трки, нешто што за техничкиот шеф на Мерцедес, Џејмс Алисон е многу интересно.

Симптоматично е тоа што падот на перформансите на последните две трки (Америка и Бразил) следуваа по техники директиви објавени од ФИА кои регулираат дел од правилата за кои се претпоставуваше дека Скудерија ги залоупотребува.

Ферари имаа силен Петок и повторно беа надмоќни на тренинг сесиите, но нивната предност се стопи на квалификациите и беа поразени. Запрашан да ја коментира формата на италијанцие, Алисон откри дека смета оти истата е интересна.

мислам дека сеуште се доста брзи на правците, но не толку многу како што беа во петокот. може да се низа работи затоа што сите возиме со различни модови на моторот во петок. ферари немаат пол позиција последните две трки откако доминираа шест квалификациски сесии по ред, така што тоа е интересно и може да се извлечат доста заклучоци.

сеуште се многу брз болид на правците, но да видиме како ќе се однесуваат на трка и како ќе се однесуваат на последната трка во абу даби – претпазлив е британецот.

Ред Бул со Верстапен беа десетинка побрзи од Фетел благодарение на доминацијата во последниот сектор пол со кривини, додека Леклер е водечки на листата со најголеми постигнати брзини со 5,6 кмч поголема крајна брзина на крајот од кругот од Верстапен, но само 2,2 кмч од Мерцедес.

Исто така ШАрл го постави најбрзото време во последниот сектор каде се наоѓа 1,2 километри долгиот правец, но конкурентите беа само десетинка позади нив.

секако дека преферирам ние да бевме на пол позиција, но макс изгледа многу брзо цел викенд и не е прв пат да биде најбрз болид на патеката. ќе биде погрешно да кажам дека неговата брзина доаѓа од никаде.

ред бул имаат одличен болид и одличен возач и завршија подобра работа на квалификациите, заслужено освојуваќи пол позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ