По преминот во Мекларен, Саинз се чувствува осободено

Карлос Саинз смета дека неговата најдобра Формула 1 сезона во кариерата покажала дека неговиот трансфер во Мекларен бил вистински потег.

Шпанецот ја започна својата Формула 1 кариера во Торо Росо во 2015 година кога возеше во тандем со Макс Верстапен. Кон крајот на 2017 година возеше како позајмен возач во Рено, а таму ја одработен и минатата година, но французите се решија да го донесат Даниел Рикардо, по што Саинз мина во Вокинг кај Мекларен.

Енергијата која младиот Карлос ја носеше во тимот во тандем со колегата Ландо Норис се покажа како клучна за да ја донесе екипата до најдобра од останатите минатата сезона. Тимот финишираше на 4то место, додека Карлос беше најдобар од останатите и заврши на 6то место оставајќи зад себе двајца возачи од Ред Бук (Гасли и Албон).

Сезонава Карлос стигна и до својот прв Формула 1 подиум во кариерата со третото место освоено во Бразил, што беше и прв топ 3 пласман за Мекларен од 2014 година. Едноставно, со резултатите сезонава, 25-годишниот возач целосно ја оправда одлуката да мине во Вокинг во текот на зимата.

имав добро чувство кога минав во мекларен дури и ако работите не изгледаа толку ветувачки на крајот од минатата година. имав разговори со многу инженери и луе од тимот и самиот проект ми даде одлично увство.

не знам дали добрите резултати имаат врска, но добрите вибрации многу брзо се трансформираа во добри увства. имаше голема промена во пристапот во мекларен и голема промена во структурата на екипата.

си го обезбедивме 4то место во тимскиот поредок и нашиот прв подиум по повеќе години и одеднаш мојот трансфер изгледаше како одличен потег. лично јс го сакав тоа 6то место во возачкиот поредок повеќе од било што.

се сеќавам лани по трката во бразил открив дека ќе одам во мекларен и навистина не знаев што можам да очекувам и псотигнам со екипата, а годинава ја имам најсилната сезона во мојата кариера и најсилната година во мекларен по подолго време.

многу сум среќен и задоволен што ја гледам ова група луѓе да работат на толку високо ниво, што се толку гладни и мотивирани да напредуваат – објасни саинз.

По лошиот период во односот помеѓу Мекларен и Хонда, соработка која траеше од 2015 година до 2017 година, преродбата на трофејната екипа од Вокинг беше предводен од моторот на Рено кој го користеа лани, годинава и ќе го користат и следната. Сепак, британците веќе постигнаа договор од 2021 година да возат со мотори на Мерцедес. Мекларен и Мерцедес сригнаа до 78 победи помеѓу 1995 година и 2014 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ