По проблемите со ладењето, Рено бараат итно решениe

Фабричкиот тим на Рено е во потрага по итно решение за нивниот проблем со ладењето на моторот, проблем кој пред време ја заврши трката на Даниел Рикардо во Австраија и Естебан Окон на Штаерското Гранд При на истата патека.

Болидот на австралијанецот иамше протекување на течност од ладилникот кој потоа не работеше соодветно и тоа доведе до прегревање на агрегатот и повлекување од трката. На Окон му се случи истото, но како мерка за претпазливост, Рено реши да го повлече во боксот за да не ризикува целосно губење на моторот за понатамошниот дел од сезоната.

Поради тактот што извозените трки беа во два последовтелни тркачки викенди, французите немаа можност да го решат проблемот, но Унгарија е повторно за само 7 денови, така што во Вири деноноќно ќе се работи.

многу, многу е фрустрирачки и разочарувачки. се работи за дел што го земаме од надворешен добавувач, но да не навлегувам во детали, истиот е заварен за ладилникот. испитавме се, не најдовме никаков проблем, а на следната трка ни се случи истото.

ги користевме истите ладилници и на предсезонските тестови во барселона каде немавме никакви проблеми. не знаеме дали проблем е топлината на Ред бул ринг, дали тротоарите на псилберг, нешто за што не сме свесни и што не знаеме да го менаџираме.

ќе превземеме посилни мерка за следната трка, но секако дека сме силно разочарани што загубивме толку многу поени на две трки поради идентичен проблем. многу темелно ќе истражувме порди што ладилниците веќе се наоѓаат во британските фабрики – откри марцин будковски од рено.

Тој потврди дека делот ќе мора да претрпи модификации за трката во Унгарија.

немаме време за нови делови и ќе мораме да се задоволиме со она што го имаме “на лагер“. ќе додадеме материјал за да го засилиме и подобро ќе го завариме за да го направиме поистраен на дефекти и протекувања.

нема да биде убаво, но веруваме дека барем ќе зджжиздржи една трка за да најдеме некое потрајно решение за во иднина.

Сепак, Окон на првата, а Рикардо на втората трка успејаа да го извозат предвидениот број на кругови и да донесат поени за тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ