По силниот дуел, Алонсо и Строл поминаа без казни

Ленс Строл и Фернандо Алонсо не добија казни за инцидентот во првиот свиок при крајот на трката за Големата награда на Шпанија. 

Двојката се бореше за 9то место и Строл имаше амбициозен потег да го премина Алонсо од надворешниот дел на патеката додека Алонсо се мачеше со потрошените гуми. Недостатокот на грип до однесе Алонсо до средината на патеката и со тоа го исфрли Строл надвор од истата. 

Според правилата, доколку се излета во првите два свиока мора да се остане лево и да се врати на патеката после означеното столпче, нешто што Строл не го направи. 

Строл беше исфрлен од патеката во првиот свиок и поради тоа беше зад тротоарот во вториот свиок. Строл објасни дека тогаш свртел лево накај столпчето на излезот од вториот свиок.

Тоа се гледало и на видеото од болидот. Тој возеше надвор, но поради брзината не беше во можност да постапи според правилата.

Стујардите се задоволни од обидот на Строл да ги почитува правилата, Но сепак тој се вратил безбедно на патеката и намерно забавил за да ги пропушти Алонсо и Ботас. 

Алонсо исто така избегна казна. 

Строл се обиде да го престаса Алонсо од надворешниот дел, Но поради старите гуми, тој не беше во можност да си ја држи линијата.

Од видеото се гледа дека тој се обидел да избегне контакт и стујардите се согласуваат дека ова е тркачки инцидент и нема да има казна. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ