По сударот на квалификациите, менувачот на Тсунода скршен на половина

По силниот судар на квалификациите вчера, менувачот на Јуки Тсунода бил скршен буквално на половина, но поправките се очекува да не бараат промена на шасијата од болидот на јапонецот.

Јуки силно се судри по излезот од Варианте Алта кога загуби контрола над болидот во квалификациите, предизвикувајќи црвено знаме. Јапонецот немаше никакви повреди, но болидот изглдаше страшно откако брзината со која удри во ограда беше голема, а механичарите на АлфаТаури имаа многу работа во пресрет на трката. Техничкиот шеф, Џоди Егинтон, ја објасни штетата:

правиме проценка на штетата, но менувачот се скрши на половина, така што тој дел е веќе готов. треба добро да го погледнеме моторот и да видиме што е за замена, а задната суспензија, задното крило и останатите делови се за промена, иако шасијата по се изгледа не.

тоа е последно што знам, не е лошо како што изгледа, но механичарите ќе имаат многу работа во текот на ноќта и утрото пред трката – отри егинтон по крајот на квалификациите.

По сесијата, Јуки призна дека премногу се возбудил на квалификациите и многу силно притискал, при што очигледно го надминал лимитот, а сударот во К1 значи дека тој остана без време и ќе мора да стартува о последно место. Сепак. техничкиот шеф не смета дека Тсунода треба да се смири или да го промени својот приста п и покрај сударот затоа што од дебитанти такви грешки се очекуваат.

беше една од оние работи кои се очекуваат од млад возач на почетокот на нивните кариери. сите момци имале инциденти така што не сметам дека треба да престане да притиска и да го бара лимитот. денеска немаше среќа и претера.

веројатно можеше да остане малце посмирен, но тоа е дел од дебитантската сезона на сите, учењето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ