По тестот со Алпин, Гасли е свесен зошто тимот е 4ти

Откако ги одработе своите први километри со болидот на Алпин, Пјер Гасли откри дека е свесен за силата на болидот и знае како завршиле на 4то место во поредокот.

Французинот комплетираше дури 130 кругови во 9-часовната сесија која беше прва за него откако направи трансфер од АлфаТаури во Алпин откако имаше тешка сезона во сестринскиот тим на Ред Бул со кои заврши на 9то место кај конструкторите.

многу сум среќен и многу позитивно изненаден од начинот на кој се одработе тестот затоа што одлично се адаптирав. дојдов целосн отворен затоа што прва пат одам воцелосно нова екипа и целосно нов болид, така што беше поинаку се, целиот болид беше поинаку од она на што сум навикнат.

сепак, многу брзо успеав да подесам се како што сакам и ми стана удобно во болидот. разбирам зошто завршиле 4ти ов шампионатот, има смисла и поради тоа сум возбуден од она што следува – најави гасли.

Тој ја заврши сесијата со 4то време зад трите болиди на Ферари.

дефинитивно лесно се видливи силни страни на болидот и потенцијалот кој го има. како што реков, завршија на 4то место во шампионатот и има причина за тоа која сега ја разбирам само возејќи го пакетот и гледајќи го начинот на кој тиот работи, инженерите работат и филозофијата која се користи. до сега сум задоволен од се, веројатно не можев да се надевам на подобар прв ден со тимот.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ