По трансферот во Ред Бул, Албон повеќе не се чувствувал како дебитант

Александер Албон откри дека неговиот трансфер во Ред Бул му одзел дебитантското чувство кое го имал во Торо Росо оваа сезона, која за него е прва во врвната моторспорт тркачка серија.

Британецот со тајландско потекло ја подели својата прва сезона, првиот дел го одработи за италијански Торо Росо пред да мине во сениорскиот Ред Бул каде одлично се покажа и си заработи останување и следната година.

Неговата тркачка кариера во Формула 1 одлилно се одвива, иако “со судни маки“ влезе во спортот, си го заработи признанието дебитант на годината во конкуренција на Ландо Норис и Џорџ Расел.

понекогаш морам да си кажам себе си дека сеуште сум дебитант затоа што кога минав во ред бул тоа чувство некако исчезна со големите очекувања од мене и се останато.

среќен сум и задоволен со мојата прва сезона, имав одлини момени, но човек сум и знам дека сеуште треба да се подобрувам со текот на времето. тоа што сум дебитант не сакам да биде никакво оправдување за мене, сакам само да сум брз секој тркачки викенд, тоа е дел од мене, дел од начинот на кој воам и се подобрувам.

знам дека сеуште учам оваа прва година и среќен сум со развојот на настаните – појасни албон.

Тој освои вкупно 92 поени сезонава, а дури 76 од поените ги освои како возач на Ред Бул со што си го обезбеди 8то место во возачкиот поредок, а смета дека најважно нешто што го научил сезонава е да не ги слуша другите, особено не медиумите.

никој од нас не треба многу, многу за слуша наколу, вклучтелно и вас медиумите. си ја работам својата работа и искрено сум фокусиран на себе.

формула 1 е тимски спорт, но во исто време многу индивидуален во врска со тоа како пристапувате на тркањето. јас константно си поставувам прашање каде можам да се подобрам, тоа беше главно за мене годинава и знамдека треба да не сум толку агресивен уште на тренинзите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ