По успешниот тест во Супербајк, Хамилтон доби покана од Роси

МотоГП легендата Валентино Роси вели дека Луис Хамилтон “мора“ да го посети неговиот ранч во Италија, следејќи по тестот на петкратниот Формула 1 шампион на патеката Херез со Супербајк.

Хамилтон беше на патеката со моторот на тркачите од Супербајк првенството, Алекс Лоус и Михаел ван дер Марк, со мотор Јамаха YZR-M1. Британецот имал мал пад во свиокот 5, но помина без повреди и го продолжи својот тест.

Роси беше запрашан за тестот на Хамилтон. Тој истакна дека би сакал Хамилтон да го посети неговиот објект, кој се наоѓа во домашниот град на Роси, Тавулија и воедно е база за јуниорската програма на академијата на Роси, VR46.

Патеката од земја во должина од 1,8 милји служи како тренингпатека за седумкратниот шампион во МотоГП.

Хамилтон е голем фан на мотори. Ги следи трките и секогаш ми праќа пораки. Малку преувеличува, но е љубител на тркачи на земја велејќи дека ние ги превземаме сите ризици.

Тој мора да дојде на мојот ранч еден ден – вели Роси.

По тестот во Супербајк, Хамилтон на Инстаграм сподели колку многу уживал во искуството со Јамаха.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ