По 30 години, РТЛ нема повеќе да пренесува Ф1

Германската бесплатна телевизија, РТЛ, објави дека ќе го прекинат договорот за пренос на Формула 1 со тркачката серија на крајот од оваа сезона. Телевизијата пренесува Формула 1 без престан од 1991 година, а нивниот актуелен договор ја покрива и сезоната која претсои.

кога имате конкуренти за телевизиските права кои се подготвени да понудат двојно од вас, тогаш сте приморани да се повлечете.

ртл сака и во иднина да презентира атрактивни спортски настани до своите гледачи, но јасно е дека економските ограниувања играат улога како и промеата на конкурентноса.

ја пренсуваме формула 1 три децении со огромна љубов, страст и посветеност како и  големи инвестиции во иновативност. ртл секогаш ќе осане поврзана со најгледаната, најемотивната тркачка серија и незаборавните моменти кои одат со неа – изјави манфред лопе, главниот за спорт во телевизијата.

Шпекулациите веднаш се појавија дека германски Sky ќе ги превземе преносите, но тие имаат посебен пакет кој се плаќа, слично на она што се прави во Велика Британија и во Италија.

Во текот на минатата година РТЛ имал во просек по 4 милиони гледачи по трка, а врвот им бил за време на Италијанското Гранд При кога имале гледаност од 5,26 милиони гледачи, а дополнителни 450 илјади гледачи следеле Формула 1 на Sky.

конкурентноста за телевизиските права се промени, а пазарот е преценет. тоа е над нашите амбиции, но и над економската оправданост и границите на она што сме подготвени да го понудиме. во моментов со нашата моќ, страст и радост ќе се посветиме на фудбалот како на број еден спорт на нашите канали – изјави јорг град, главниот замаркетинг во ртл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ