Првиот болид на Шумахер оди на продажба

Еден од најпознатите болиди во Формула 1, Џордан болидот со кој Михаел Шухамер ја почнуваше својата тркачка кариера, ќе оди на аукција. 

Црвениор барон го имаше своето деби на Спа Франкошамп во 1991 година влегувајќи во Џордан 191 како замена за Бертнард Гашо. Тој се квалификуваше на седма позиција и имаше тежок старт пораи проблем со спојката на болидот.. 

Триесет години подоцна, тој болид оди на аукција. Ова е еден од седумте такви болиди кои ги возеле Алекс Занарди и Андреа де Чезарис.

Болидот е придвижуван од Форд мотор кој е одново ремонтиран. Покрај стандардната опрема тој е потпишан од Шумахер и добива сертификат за автентичност. Почетната цена е 1,25 милиони фунти

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ