Првична анализа на Пирели: Долгите серии виновни за дупнатите гуми

Пирели спроведе првична истрага по неколкуте дупнати гуми на Британското Гранд При со резултат дека невообичаено долгите серии со хард компонентите биле причина за дефектите во пневматиците.

Италијанците објснија дека многу големата потисна сила која ја произведуваат овогодишните болиди се најголема сила некогаш видена да дејствува врз пневматиците во историјата на спортот.

Луис Хамилтон, Валтери Ботас и Карлос Саинз имаа откажување на предната лева гума на крајот од трката, а само Хамилтон успеа да го комплетира предвидениот број на кругови.

Истрагата на снабдувачот со гуми довела заклучок дека неочекувано долгата втора серија кругови дополнета со излегување на Безбедносното возило поради сударот на Даниил Квјат, донела дупнување на гумите.

клучна причина се различни околности кои се случуваа во трката кои доведоа до многу долга втора серија возена на софт.

излегувањето на второто безбедносно возило ги поремети плановите на екипите за промена на гуми и истата беше извршена порано од предвуденото, по што се возеше 40 кругови на хард гуми, што е повеќе од 3/4 од должина на трката на патеката која бара најмногу од гумите во календарот.

тоа во комбинација со зголемената брзина и ритам на овогодишните болиди каде пол позицијата беше 1,2 секунди побрза од лани, доведе до тоа последните кругови да бидат многу тешки како последица на невидена потисна сила и притисок кој таа го генерира врз гумите.

крајниот резултат беше непредвиден предизвик за гумите кои доведоа до оштетувања на предната лева гума, која традиционална најмногу страда на силверстон, но овој пат имаше максимален стрес по голем број на кругови и силно трошење од екстремните сили кои владееја – објаснија од пирели.

Сепак, Пирели си останува на својот првичен план да имаат една скала помеки гуми за трката на истата патека следниот викенд, каде најтврдиот Ц1 нема да се вози. Сепак, се чини дека проблемте ќе ги надмината со пропишување на минимален притисок кој треба да се користи како мерка за претпазливост.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ