Пребогатиот саудиски ПИФ размислува да ја купи Ф1, понудиле над 20 милијарди долари

Државниот фонд на Саудиска Арабија сериозно размислува да ја купи Формула 1 од Либерти Медиа, а првата понуда е над 20 милијарди долари.

Американска Либерти Медиа го купи спортот во 2017 година за 4,4 милијарди долари. Саудијците години наназад додаваат разни спортови и спортски екипи во портфолиото на својот фонд, а имаат и Формула 1 трка чија премиера беше во 2021 година.

Bloomberg пренесува дека претставници Јавниот инвестициски фонд (ПИФ) имале состанок со Либерти Медиа на почетокот на минатата година околу превземање на спортот, но ништо не било договорено. Но, реномираниот сервис за вести тврди дека Фондот останал заинтересиран за превземање на спортот и се подготвува нова и многу посериозна понуда.

Саудиското Гранд При често е етикетирано како ‘sport washing’ односно користење на спортот и спортските натпревари за подобрување на имиџот на земјата која има проблем, пред се со почитување на човековите права. На ланското издание на трката се случи уште една контроверија откако проектил истрелан од страна на опозициските бунтовници погоди рафинерија на само 7 километри од патеката.

Средниот Исток ја сака Формула 1, Бахреин одамна е дел од календарот и домаќин на тестирање, Саудиска Арабија се приклучи пред две години, а годинава стандардно место ќе заземе и Катар. Кралствоо, исто така, преку својот нафтен гигант Арамко е еден од главните спонзори на спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ