Преговорите на Луис и Мерцедес “запнаа“

Преговорите на Луис Хамилтон и тимот на Мерцедес “запнале“ и сето тоа поради никој друг туку Макс Верстапен.

Италијанска Gazzetta dello Sport на почетокот на Јануари објави дека новиот договор веќе е направен и се што треба е истиот да биде потпишан. Таквиот натпис беше две недели откако Ред Бул објавија дека потпишале продолжување на соработката со Макс Верстапен до крајот на 2023 година,

Печатот во моментов тврди дека Луис не сака да го потпише тој договор, туку бара повеќе пари затоа што разбрал дека Тото Волф се надевал да го донесе Макс Верстапен како замена за британецот доколку тој се одлучи за Ферари.

Но, Ред Бул и Макс договорија продолжување на соработката, така што Хамилтон доби преговарачка моќ кај себе.

Шпанска Marca објави дека според извор од Corriere dello Sport, Хамилтон не само што сака повеќе пари од Мерцедес туку сака да остане во тимот четири години, наместо првично договорените две. Весникот тврди дека британецот бара плата од 55 милиони евра, што е 13 милиони евра повеќе од сегашните 42 милиони евра кои му се исплаќаат на име плата.

Свои барања имале и од Мерцедес кои сакаат тој да остане по крајот на тркачката кариера да биде нивни амбасадор на брендот.

Двете страни имаат време за договор поради тоа што Ферари открија дека до средина на сезоната ќе размислуваат за Себастијан Фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ