Претекнувањата се зголемуваат, годинава дури 747

Овогодинешната Формула 1 сезона имаше две лица, првиот дел доби остри критики поради здодевноста на трките, но потоа, кон средината и крајот на сезоната имаше ултра интересни трки кои изобилуваа во борба и претекнување.

Од гледна точна на претекнувањето, Формула 1 страдаше откако во 2017 година имаше “мизерни“ 435 претекнувања цела сезона, што беше ултра ниско споредено со 866 претекнувања во 2016 година и точно 700 во 2015 година. Промената на правилата донесоа пошитоки болиди со многу повеќе потисна сила што доведе до многу мака при следењето на болидите и добивањето можност за напад и претекнување.

Лани промените во правилата ја подобри ситуацијата со 615 претекнувања во текот на годината, а сезонава дополнително се напредуваше и се дојде до бројката од 747 претекнувања. Бројките не се на ниво од периодот 2011-2016 година, но ситуацијата се подобрува. Во споменатиот период имаше по 40 претекнувња на трка, а годинава имаше 35.

Пред ДРС да виде воведен на задното крило од болидите, бројот на претекнувања во текот на сезоната беше околу 300, но во 90-тите болидит есе претекнуваа и без ДРС, а во 1991 година имаше чисти 495 претекнувања.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ