Претседателот на Заубер ја откри причината за својата оставка

Претседателот на Заубер, Паскал Пичи, откри дека недоразбирања со тимскиот шеф Фредерик Васур, а во врска со изборот на возач за следната година, довеле до неговата оставка од компанијата.

Пичи е битен во Заубер последните години откако играше многу важна улога во спасот на екипата во 2016 година кога истата беше продадена на Лонгбоу Фајнанс Остана како Претседател на холдингот и работеше заедно со Ислеро Инвестментс, компанија предводена од Фин Раусинг, скандинавскиот милијардер и заедно го ребрендираа и засилија Алфа Ромео.

Но, пред Мексиканското Гранд При, Пичи изненади многумина кога потврди дека поднесува оставка.

не сакам во иднина да бидам поврзуван со се што фредерик васур менаџира – децидент е пичи во својата изнава за моторспорт.

 

Швајцарецот не сакаше да ги открие проблемите кои довеле до несогласување помешу двајцата, но најави дека изборот на возач бил средиште на нивните недоразбирања.

Неодамна Заубер потврди дека во Алфа Ромео следната година ќе вози моментално второпласираниот Формула 2 возач, кинезот Гуанју Жу и ќе му стане тимски колега на Валтери Ботас. Првиот кинез во спортот носи огромни комерцијални можности за екипата.

Пичи немал ништо против Жу, но бил незадоволен затоа што носењето на Гуанју значи скршнување од патот на голема соработка со Ферари како дел од спонзорството на Алфа Ромео, а Антонио Џовинаци исто така беше дел од тој пакет.

начинот на кој се избирани возачите беше еден од проблемите кој ја прели чашата помеѓу мене и сегашниот менаџмент. 

жал ми е што антониот повеќе нема да биде во тимот, а во исто време сум среќен што жу ќе дојде. го знам кинезот и неговото семејство уште откако го следевме за да го земеме во академијата на заубер како и да ги процениме комерцијалните можности кои ќе ни ги отвори тој.

Но, иако Паскал е незадоволен од менаџментот, но целосно верува во сопствениците на тимот.

она што се случи за време на белгиското гранд при сеуште е отворена рана. беше круга со три круга зад безбедносно возило и тоа им дозволи на вилијамс да освојат поени со кои направија недостижна предност во констуркторскиот поредок пред нас. токму поради тоа се одлучивме сериозно да ги разгледаме понудите за продажба на тимот (андрети).

Преговорите со американецот за продажба на екипата, како што медиумите потврдија, пропаднале затоа што актуелните сопственици не сакале да предадат целосна контрола на тимот, но Пичи има огромна верба дека Раусинг ќе се погрижи за иднината.

тој може сам да носи одлука, ги претставува акцинерите и е одговорен човек кој ја вложува својата страст и енергија во екипата.

бев задоволен што моето мислење беше исто како и на мнозинството акционери. фин останува верен мој соработник како и останатите луѓе кои ги претставува и поради тоа искрено му посакувам најдобро на него и неговата екипа.

смирен сум за иднината која ја има тимот пред себе затоа што сопствениците се ентузијасти и многу страствени луѓе чиј приоритет е заштита на персоналот кој го прави тимот.

мојата оставка не смее да биде причина за загриженост за било кој во заубер, сигурен сум во тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ