Претставен преубавиот Вилијамс ФВ44

Виијамс ги откри своите шари, иако само на виртуелен болид во текот на денешниот ден.

Тимот од Гроув го претстави својот целосно нов ФВ44 пакет за оваа сезона на дигитален настан со целосно нова шема на бои. За разлика од лани, на болидот има црвени делови се со цел да се асоцира на британските корени на трофејната тркачка екипа.

По неколу години на дното на поредокот, тимот имаше солидна сезона во 2021 годин и заврши на 8мо место благодарение на поените од двајцата возачи, Џорџ Расел и Николас Латифи. Шефот Капито се надева дека подобрувњата лани ќе бидат движечка сила сезонава.

беше одлична сезона за нас лани, особено поради напредокот кој го направивме од 2020 кон 2021 година. Резултатите, поените, подиумот, му дадоа огромен поттик и мотивација на целиот тим. се надевамдека годинешниот фв44 ќе има уште посилни перформанси –  посака капито.

Канаѓанецот Николас Латифи трета година по ред останува во екипата, додека Алекс Албон од Ред Бул е донесен на местото на Џорџ Расел кој замина во фабричкиот тим на Мерцедес.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ