Приходите на Ф1 достигнаа 2,5 милијарди при рекордна публика

Приходите на Формула 1 стигнаа до износ од 2,5 милијарди долари минатата сезона, пораснаа и профитите во сезоната во која пандемијата заврши и ограничувањата од претходните две години беа отстранети.

Календарот во 2021 година беше составен од 22 трки, но имаше рестрикции на одделни патеки во однос на бројот на публиката, но лани тоа не беше случај, така што приходите на серијата го покажуваат тоа.

На патеките ширум светот лани биле присутни вкупно 5,7 милиони гледачи што е зголемување од 36% во однос на 2019 година, последна сезона која не беше под влијание на пандемијата. Ланскиот приход пораснал за 20% и тоа од 2,136 милијарди долари на 2,537 милијарди долари, додека оперативната добивка се зголемила од 92 милиони долари на 239 милиони долари. Десетте екипи на гридот вкупно ќе поделат 1,125 милијарди долари за ланската сезона што е повеќе од 1,068 милијарди долари колку што поделија лани.

Примарниот приход на тркачката серија пораснал за 14% и тоа од 1,850 милијарди долари на 2,107 милијарди долари каде најголем пораст имаат медиумските права (36,4%), потоа следуваат плаќањата од промотерите натрки (28,6%) и на крајот спонзорските договори (16,9%).

приходот од промотерите на трки порасна поради одржаните настани, три гранд при трки повеќе беа одржани надвор од европа споредено со 2021 година, публиката се врати на трибините, додека ограничениот број на гледачи во 2021 година донесе до намалување на плаќањата од страна на промотерите и организаторите.

приходот од медиумите порасна поради порастот на претплатниците на ф1 тв апликацијата како и поради износите на обновите и продолжени договори за телевизиски права. приходите од спонзорите се зголемени поради новите склучени договори – објаснуваат од тркачката серија.

Исто така, Падок Клубот кој работел на 19 трки имал зголемен приход, а рекорден број гледачи имало на 19 трки од календарот,

останатите приходи на формула 1 исто така искористија од поголемиот број на активности, односно поголемиот број на ткри споредено со пандемиската 2021 година.

Секако дека зголемените приходи одат заедно и со зголемените трошоци кои пораснале од 421 милиони долари на 593 милиони долари поради раслични работи, вклучително и значителната сума која Формула 1 ја насочи кон промоција на Гранд При трката во Лас Вегас која ќе има премиера сезонава.

овие трошоци кои се зголемени годинава најмногу се пораснати поради зголемената ена за транспорт и логистика на трките надвор од европа, нешто што е последица на инфлацијата, зголемените трошоци на падок клубот поради зголеменото присуство како и отварањето на дополнителни 8 падок клубови споредено со година преходно. исто така, зголемен е и трошокот на правен за формула 2 и формула 3 тркачките серии.

продажните, општи и административни трошоци се зголемиле поради поголемиот персонал, компјутерските трошоци како и зголемени износи за правни и советодавни услуги, а приближно 19 милиони долари се поврзани со планирање на трката во вегас.

Главиот извршен директор на спортот, Стефано Доменикали, посочи дека зголеменото приссутво на социјалните медиуми е јасен индикатор на популарноста на тркачката серија.

ф1 имаше рекордна посетеност на трките лани и повторно бевме најбрзо растечки голем спорт на социјалните медиуми. продолжуваме со зголемена интеракција со фановите преку високо квалитетни преноси, дополнителни содржини на ф1 тв, социјални канали како и нови искуства.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ