Проблемите во боксот за Џовинаци поради оштетена ѕивана

Од Алфа Ромео открија дека предолгата промена на гуми кај Антонио Џовинаци за време на Шпанското Гранд При било предизвикано од оштетена ѕивана поради кој гумата целосно издишала пред д биде монтирана на болидот.

Италијанецот се возеше на 15то место на почетокот од трката и беше прв кој влезе по нови гуми штом безбедносното возило се појави на патеката во 8от круг поради запирањето на Јуки Тсунода. Промената тргна наопаку откако предната лева гума беше очигледно целосно издишана, нешто што механичарот го примети и веднаш се упати по нов пневматик. Таквата промена траеше 32 секунди во место, но му го загуби и вториот сет медиум кој беше планиран за подоцна.

Главниот инженер на патека за швајцарската екипа, Чени Пухолар, објасни дека вентилот на тркалото бил оштетен пред промената што резултирало со брзо губење притисок.

имавме оперативен проблем со преместување на сетот гуми како подготовка за промената кога забележавме дека имаме оштетена ѕивана. системот за мониторинг велеше дека се е во ред кога трката почна, но потоа нешто се случило, мислам дека неколку кругови пред промената – смета пухолар.

По лошата промена следуваше уште еден пех за Антонио кој се врати на патеката, но поради зададеното делта време, не смееше да ги стигне останатите.

мојот управувач не работеше како што треба зад безбедносното возило затоа што имав делта време кое морав да го следам. кога продолжив и имаше зелено знаме, бев 10 секунди зад сите така што трката беше тапа од почеток до крај.

Пухолар верува дека Џовинаци можел до поени наместо да заврши на лошото 15то место доколку ги немал проблемите.

требаше да стигнеме до останатите затоа што имаше безбедносно возило и ако го немавме проблемот со управувачот ќе бевме назад со сите.

имавме стратегија со два сета медиум и мислам дека со тоа можевме да се бориме за поени затоа што бевме добро позиционирани.

разговараме со фиа околу управувачот односно ограничувањето со делта времето и не знаеме што се случи. штета затоа што со времето кое го загубивме, а и она од претходно со гумите, не чинеше многу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ