Проблемите на Хаас го потсетуваат Гросжан на Лотус

Роман Гросжан ги спореди годинешнит епроблеми со корелацијата на Хаас со маката која ја имале Лотус во 2014 година кога тој беше дел од екипата од Енстон.

Французинот откри дека Лотус биле толку убедени во перформансите на својот болид согласно податоците од воздушниот тунел што сметале дека имаат потенцијал да бидат шампиони во првата година од В6 турбо хибридната ера. Но, Е22 со мотор на Рено се покажа очајно лошо, а на крајот од сезоната тимот беше на 8та позиција.

лотус во 2014 година е одличен пример за несовпаѓање на податоците. во јануари 2014 година ми кажаа дека болидот е доволно добар да освои титула, јас нормално дека поверував, а јасно е дека не беше така.

она што го гледавме во воздушниот тунел и она што го гледавме на патеката беше многу различно. дури во будимпешта сите се сложивме и разбравме дека имаме огромни проблеми со корелацијата. потоа одработеа одлично, ги разбраа проблемите и следуваше 2015 година кога се беше далеку подобро.

во воздушниот тунел секогаш гледате теоретски на работите и може да правит ешто сакате, но реалноста е нешто сосема различно. во моментов се обидуваме да ги разбереме работите и да ги решиме за во иднина – најави гросжан.

Французинот најави дека Хаас ги разбираат проблемите, но сеуште точно не знаат од каков вид се.

многу подобро ги разбираме работите и дознаваме работи кои до будимпешта не бевме свесни дека ги имаме, но сеуште треба да најдеме точно по кој пат да се движиме. знаеме дека податоците од воздушниот тунел и реалноста не ни се совпаѓаат.

никого не сакам да обвинувам или нешто слично, но знаеме кој тунел го користиме, знаеме дека е добро калибриран и дека тестовите во истиот носат победи на последните три трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ