Проблем со ладењето ја уништило трката на Окон

Откажувањето на Естебан Окон од Штаерското Гранд При било предизвикано од проблем со ладењето на болидот на Рено, потврди тој.

Французинот беше одличен и се наоѓаше во добри поени од почетокот на трката, а во 17от круг беше 6ти пред својот колега кој два круга подоцна го помина поради тимска стратегија. Ова откажување значи дека фабричката екипа има по еден откажан болид на двете досега одржани трки.

мислиме дека ладењето беше проблем и тоа е навистина лошо, но ова е моторспорт тркање и се се лсучува. истражуваме и работиме да видиме што точно се случи и како да го спречиме друг пат – најави естебан.

Минатиот виенд неговиот колега Рикардо се откажа поради проблеми со ладењето, но Окон не смета дека дефектите се поврзани.

не знам точно, сеуште истражуваме и ќе видиме, но се сомневам дека е истиот проблем.

За следниот викенд на Хунгароринг се најавува исто така топло време, така што во Рено мора силно да се работи за да се решат проблемите и да се осигура двоен финиш на трката.  

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ