Проблем со ладење причина за откажувањето на Рикардо

Даниел Рикардо беше некарактеристично разочаран откако беше приморан да се откаже од првата трка за Австриското Гранд При поради проблем со ладењето во неговиот Рено.

Возачот на Рено беше во позиција за поени уште пред да започне хаосот во трката, но во 19от круг откако се откажа Верстапен, Рикардо исто така изгуби перформанси и беше приморан да се паркира во гаражата. Тоа секако беше разочарување по формата во квалификациите, а Рикардо истакна дека ритамот во трка е добар, иако проблемот со ладење била главната причина за откажувањето.

Ми рекоа дека имало проблем со ладењето. Морав да се откажам за да избегнеме дополнителна штета. Штета е очгледно, прва трка, но ова е спомен каков може да биде овој спорт. Мислам дека беше позитивно во квалификациите, болидот е брз со ниско ниво на гориво, но на подолга серија имаме уште работа пред нас.

Тоа е област во која може да се подобриме. Ќе се обидеме да научиме иако поминав само 16, 20 кругови, сеуште има многу податоци. 

Имаме уште една шанса за недела дена, ќе научиме и ќе се подобриме – изјави Рикардо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ