Продуцентот на “Сена“ ќе прави серија за Берни

Маниш Пандеј, продуцентот на “Сена“, филмот за Аиртон од 2010 година, ги доби правата да напише сценарио и да ја режира новата документарна серија за животот и кариерата на поранешниот шеф на спортот, Берни Еклстон.

Серијата во осум епизоди ќе се вика “Среќен“ (Lucky!) и ќе биде продуцирана од компанијата на Пандеј откако Маниш веќе нсимил многу материјал во домот на Еклстон во Швајцарија за време на пандемијата.

90-годишниот Берни започна како тркачки возач пред да стане сопственик на екипа, а потоа и прв човек на спортот повеќе од 40 години, правејќи ја тркачката серија глобален спорт и “машина за пари“.

ова е прв пат да му ја доверам мојата приказна во врска со формула 1 на некого, а маниш е единствениот раскажувач и режисер кој може добро да ја долови истата. но, тој е и голем фан, гледа формула 1 откако знае за себе и неговото знаење е огромно, а страста невидена – вели берни.

Документарната серија ќе го открие животот и приказната на Еклстон, неговото раѓање, раст и феноменален успех со Формула 1.

берни успеа да ги долови не само неговите денови во најголемата тркачка серија, туку и неговиот живот. во своите 90 години тој го пропатува светот и се запозна со кој ли не, а остана многу скромен и духовит. радост е да се следи неговата приказна за прв пат – изјави Пандеј.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ